[ФОТО] „Одговорно сопствеништво – одговорноста почнува со мене“: Прва панел-дискусија за одговорно сопствеништво на миленици

Точка

19/12/2025

12:09

295

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се одржа панел-дискусијата „Одговорно сопствеништво - одговорноста почнува со мене“ во организација на невладините здруженија - Асоцијација на стилисти за миленици и Здружението за промоција на природните науки „Откритие“, која го поттикна дијалогот со чинителите на општествените политики.

На дискусијата присуствуваа 54 експерти од различни професионални области на индустријата за миленици – професори, истражувачи, доктори на науки, доктори по ветеринарна и хумана медицина, микробиолози, одгледувачи на кучиња, мачки и папагали, кинолози, фелинолози, стилисти за миленици и дресери.



Темата беа современите предизвици во грижата и благосостојбата на милениците, како и одговорното сопствеништво на животните. Посебен фокус беше ставен на новиот Европски закон за благосостојба на милениците и неговото значење за нашата земја.


Модераторите на настанот беа активните членови на Здружението на Новинари на Македонија: Илија Петковски, магистер по екологија и животна средина од Сорбона, Париз и Искра Бекриќ, доктор по ветеринарна медицина.



На крајот се дојде до неколку заклучоци:

1. потреба за вакви панел дискусии за подигнување на свеста на одговорното сопствеништво на миленици во секоја општина

2. сопствеништвото започнува со микрочипот и насочување на сите мерки во таа насока

3. анализа и прогресивна адаптација за практична имплементација на ЕУ законот кој ќе се спроведува во ЕУ од 01.01.2026 година.


Организаторите изразија искрена благодарност за активното учество и придонес до сите експерти кои беа дел од панел-дискусијата, а Илија Петковски, претседателот на Здружението за промоција на природните науки „Откритие“ и сопственик на Центарот за благосостојба и груминг на миленици „Туту“, рече дека верува дека оваа прва панел дискусија на тема „Одговорно Сопствеништво на миленици“ претставува почеток на континуиран процес на соработка и размена на знаење меѓу стручното општество, институциите и граѓаните. „Со нетрпение ги очекувам следните средби и иницијативи што ќе продолжат да го унапредуваат овој важен дијалог“, додаде м-р Петковски.