Лесен и вкусен десерт: Подгответе едноставни топчиња со бисквити од само неколку состојки

Точка

19/12/2025

21:11

187

Големина на фонт

а а а

Доколку чувствувате потреба за десерт, но немате многу време за подготовка, овие брзи топчиња од бисквити можат да бидат идеален избор.

Тие се подготвуваат на едноставен начин, а рецептот се состои од само неколку состојки.

Потребни состојки:

• 300 гр. бисквити „Petit Beurre“

• 200 гр. шеќер

• 200 гр. путер или маргарин

• 100 гр. чоколадо за готвење

• 200 гр. кокос

• 100 мл. млеко


Подготовка:

Сомелете 300 грама бисквити во блендер. Во друг сад загрејте го млекото и додајте го шеќерот, путерот и чоколадото за готвење. Откако ќе го тргнете тенџерето од оган, во топлата смеса додајте кокос и мелениот кекс.

Сè добро измешајте за да се соедини, па оставете 10 минути да се излади. Топчињата обликувајте ги и извалкајте ги во кокос.