Овие пијалаци не треба да се консумираат на „празен стомак“: Можат сериозно да го раздразнат желудникот

Точка

19/12/2025

08:52

963

Големина на фонт

а а а

Иако многумина денот го започнуваат со омилениот напиток, нутриционистите предупредуваат дека одредени пијалаци не се добар избор на „празен стомак“.

Причината е едноставна – можат да ја надразнат слузокожата на желудникот, да предизвикаат рефлукс, непријатност како и нагли осцилации на шеќерот во крвта.

Празниот стомак е особено чувствителен, а она што го консумираме наутро може сериозно да влијае на дигестијата и општата состојба на организмот во текот на денот.

Кафе – најчесто, но најпроблематично

Иако е еден од најпопуларните утрински напитоци, кафето на празен стомак може да го зголеми лачењето на желудочната киселина. Тоа често доведува до: рефлукс, болка во стомакот, иритации на слузокожата на желудникот. Освен тоа кафето може да ја засили нервозата и да ја забрза работата на срцето. Експертите советуваат пред консумирање кафе да се изеде барем еден залак храна.


Алкохол – побрза апсорпција и поголем ризик

Консумирање алкохол на празен стомак доведува до негова побрза апсорпција во крвта. Последиците може да бидат: вртоглавица, мачнина, нагол пад на шеќерот во крвта, дополнително оптоварување на црниот дроб.

Газирани пијалаци – подуеност и непријатност

Газираните пијалаци вклучувајќи ја и киселата вода, можат да предизвикаат подуеност и притисок во стомакот кога се пијат на празен стомак. Киселините и шеќерот дополнително го иритираат желудникот.


Овошни сокови – особено од цитрусно овошје

Иако се сметаат за здрави, овошните сокови содржат големо количество на природни шеќери и киселини. На празен стомак може да предизвикаат: иритација на желудникот, нагол скок на шеќерот во крвта, пад на енергија набргу по консумирањето.

Енергетски пијалаци – најлош избор наутро

Комбинацијата од кофеин, шеќер и симулант ги прават енергетските пијалаци особено лош избор за консумирање на празен стомак. Можат да предизвикаат срцебиење, нервоза и исцрпеност.


Што е најдобар избор за консумирање на празен стомак

Нутриционистите препорачуваат денот да го започнете со чаша млака вода или благ билен чај. Останатите пијалаци најдобро е да се консумираат за време или по оброците. Малите промени во утринските навики можат да направат голема разлика за здравјето на желудникот и целокупната состојба на организмот.