Невил „знае“ кој ќе ја освои Премиер лигата: Во февруари и март ќе имаат предност од…

Дерби

22/12/2025

07:59

484

Големина на фонт

а а а

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Гери Невил даде прогноза околу трката за титулата во Премиер лигата.

Уште не сме на средина на сезоната, меѓутоа се одиграни доволен број на натпревари да се донесат одредени заклучоци особено за самиот врв на табелата каде во моментов се издвоија три екипи, Арсенал, Манчестер Сити и Астон Вила.

Тимот од „Вила Парк“ дефинитивно е изнанадувањето во оваа конкуренција особено по катастрофалниот старт на сезоната, меѓутоа откако избраниците на Емери фатија ритам сега „газат“ се пред себе и се на плус седум од Челси и Ливерпул, две екипи за кои се веруваше дека се меѓу претендентите за пехарот.

Невил и понатаму не верува во Астон Вила, но исто така е убеден дека титулата на крајот ќе заврши во северен Лондон.

-Повлекувам линија под првите две екипи. Астон Вила е таму и треба да се почитува, но нема да ја освојат лигата. Би бил изненаден ако тоа се случи. Многу работи би морале да тргнат наопаку за Арсенал и Манчестер Сити за Астон Вила да ја освои лигата. Лигата е бизарна, не мислам на првите две, туку под неа. Не сте сосема сигурни што да мислите за другите тимови.

-Манчестер Сити очигледно се. Ги имаат Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола, некој многу посебен на теренот и некој многу посебен на клупата. Тоа е најголемата закана за Арсенал, освен повредите на [Деклан] Рајс и уште неколку играчи. Не би се грижел премногу за тоа дека Арсенал ќе мине низ неколку натпревари, тоа ќе се случи во одреден момент од оваа сезона.

-Не беа одлични во Евертон, но дали некогаш ќе бидат неверојатни таму? Мислам дека се во добра позиција. Она што ќе биде навистина интересно е како ќе се справат со тоа откако ќе стигнат до март, април, мај. Тоа ќе биде навистина интересно. Но, всушност чувствувам дека ќе ја зголемат својата предност во февруари и март и повторно ќе добијат предност од пет или шест бода.

-Мислам дека ова е нивна година иако малку се затвораат. Можеби ќе бидам посрамотоен бидејќи знам дека навивачите на Сити стануваат посигурни и мислат дека се блиску, а Арсенал ќе го се „угуши“. Но, не сум сигурен дека тоа ќе се случи овој пат, -порача Невил.