Со багер оштетил подземни електрични кабли, Тетово и неколку села останале без струја

Макфакс

22/12/2025

13:55

193

Големина на фонт

а а а

При изведување градежни работи, едно лице со багер ги потфатил подземните високо напонски електрични кабли поради што неколку населби и села во Тетово останале без струја.

Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово, Б.И.(45) управител на правното лице и А.И.(48), двајцата од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 10.10.2025 на ул.„29 Ноември“ во Тетово, додека третопријавениот изведувал градежни работи за правното лице со работна машина-багер, ги потфатил подземните високо напонски електрични кабли и оштетил два кабли кои пренесувале електрична енергија од главната централа во Тетово до долните населби во Тетово и повардарските села на општина Желино и оштина Јегуновце, кои останале неколку часа без електрична енергија.