[ВИДЕО] „Или ние или тие“ – студенти од сите делови на Србија се собраа на протести во Нови Пазар

A1ON.MK

21/12/2025

17:15

621

Големина на фонт

а а а

Студенти и граѓани од различни делови на Србија се собраа денеска во Нови Пазар, на југозападниот дел од земјата, за да ги поддржат академиците кои речиси една година го блокираат Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП).

Под слоганот „Или ние или тие“, студентите бараат разрешување на актуелното раководство на универзитетот и воведување на принудна администрација. Дел од академиците ја обвинија администрацијата дека практично им го оневозможува запишувањето за годината како форма на „одмазда“ поради блокадите кои повеќе од една година бараат одговорност од властите за трагедијата во Нови Сад.

Некои професори се придружија на обвинувањата, тврдејќи дека ги изгубиле своите работни места поради нивната поддршка на студентските блокади и критиките кон администрацијата. Ректоратот на Универзитетот во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ) ги отфрли овие тврдења, наведувајќи дека на студентите не им е одбиен упис и дека немало отпуштања на наставен кадар поради политички несогласувања.

Студентите од Нови Пазар, познати по своите долги маршеви низ цела Србија, станаа симбол на студентските протести во земјата, пренесувајќи порака за единство од овој град со мнозинско бошњачко население.

Муфтијата на Санџак, Мухамед Демировиќ, во пресрет на протестот ги повика граѓаните на Нови Пазар да покажат почит, грижа и солидарност кон сите оние кои доаѓаат да ги поддржат студентите и професорите на ДУНП. Информативната служба на Мешихатската исламска заедница на Санџак објави дека Демировиќ нагласил дека ДУНП е „надпартиско и наднационално прашање“.