[ВИДЕО] Направи вистински спектакл: 12-годишната Дарија го остави жирито на „Пинкови ѕвезди“ без зборови со изведбата на хитот на Маја Оџаклиевска

Точка

22/12/2025

19:00

733

Големина на фонт

а а а

Дарија Суботиќ од Белград е 12-годишно девојче кое настапи во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ и го воодушеви жирито.

Таа веќе е буквално оформен пејач, коментираа членовите на жирито, а највоодушевена од сите беше Јелена Карлеуша.

За првата песна таа ја избра пијано верзијата на песната на Адил „Zagrli me“, а за втора песна ја избра „Ti si taj što luduje“, која во оригинал ја изведува Маја Оџаклиевска. Таа го воодушеви целото студио и ги доби сите четири гласа.

Драган Стојковиќ ѝ пристапи, ја бакна за рака, а потоа и во глава, а потоа останатите членови на жирито ја опсипаа со комплименти.


„Ова е баш, баш нереално, да се наежиш, ти си ми најголем параметар кога се зборува за години, на тебе не ти треба ментор, ти можеш некого да менторираш. Кога ќе видиш некој на волку години како ова го прави, како глуми, пее, што да кажеш, ова е нереално, секоја чест“, рече Десингерица.

„За наше добро би било да ти постават тука една фотелја, кога сакаме да кажеме дека некој е млад или стар, гледаме во тебе и кажуваме дека си репер за сите, дека постави стандарди. Ти си навистина гордост на овие Пинкови ѕвезди“, ѝ порача Зорица Брунцлиќ.

„Дојдовме во време кога децата можат да им држат лекции на постарите“, рече Карлеуша.