Наполи дојде до пехарот во италијанскиот Супер Куп и тоа откако во финалето во Ријад ја совлада Болоња со 2-0 со головите на Давид Нерес.
За дел од играчите ова беше прв трофејот во дресот во Наполи, а еден од нив е Расмус Хојлунд кој пристигна во летниот преоден рок. Данецот овојпат немаше конкретен придонес како во полуфиналето (гол и асистенција против Милан), ама го одигра целиот натпревар и на крајот со широка насмевка го дочека конечниот епилог.
Тој е среќен поради остварениот резултат, целата сезона која досега ја има во Наполи, па со една кратка порака јасно го пецна Манчестер Јунајтед, клубот со кој се уште е под договор.
- Како изгледа одлична одлука - напиша Расмус каде позира во титулата.







