[ВИДЕО] „Казни до 50.000 евра и вакви Десингерици повеќе нема да постојат“

Точка

23/12/2025

17:28

1.422

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, најави заострување на мерките против изведувачи чии настапи, како што наведува, негативно влијаат врз децата и младите.

Меѓу нив е и раперот Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, чии настапи во Бања Лука се забранети уште пред неколку години.

Станивуковиќ сега оди чекор понатаму и предлага нови казнени одредби за сите што ќе ја прекршат одлуката за забрана на вакво однесување на јавни манифестации.

На својот Инстаграм профил тој сподели видео со исечоци од настапите на Десингерица, кои ги опиша како скандалозни и непримерни. На снимките, меѓу другото, се гледаат сцени што Станивуковиќ ги оценува како вулгарни и насилни.


„Затоа вакви кај нас во Бања Лука не можат да настапуваат. Затоа превентивно, во случај некој да се обиде да ги злоупотреби јавните манифестации и настани на територијата на градот Бања Лука со вакво однесување – вулгарно, примитивно и насилничко кон нашите деца и млади – ќе воведеме казни од 50.000 до 100.000 конвертибилни марки. И организаторот и изведувачот ќе бидат казнети без исклучок. Во нашата Бања Лука нема место за такви изведувачи“, изјави Станивуковиќ.

Тој додаде дека планира и пошироки општествени мерки:

„Кога на тоа ќе ги забраниме и ријалити програмите во Република Српска, ќе ги отстраниме обложувалниците во близина на училиштата и ќе ја ограничиме употребата на социјалните мрежи така што децата ќе можат да ги користат дури од 15-годишна возраст, вакви Десингерици и слични повеќе нема да постојат. Ќе се бориме и ќе бидеме истрајни“.

Казните што ги наведе изнесуваат меѓу 25.000 и 50.000 евра.


Десингерица: „Не влијаам лошо врз младината“

Десингерица претходно се огласи по повод обвинувањата дека има негативно влијание врз младите.

„Не знам зошто јас лошо влијаам врз децата. Затоа што заработувам пари? Затоа што имам сопруга и дете? Затоа што возам добар автомобил и живеам добро? Би сакал моето дете да биде успешно како мене. Најважно е да имаш здрава фамилија, а јас тоа го имам. Туѓите деца не се мој проблем. Јас правам музика за возрасни. Родителите треба да ги воспитуваат своите деца како што сметаат. Тоа не е моја улога“, порача Драгомир Деспиќ.