[ФОТО] 50 Цент брутално одговори откако синот на Диди му се закани преку социјалните мрежи: „Мало братче, најпрво...“

Точка

24/12/2025

11:14

932

Големина на фонт

а а а

Се чини дека конфликтот меѓу Шон „Диди“ Комбс и 50 Цент не стивнува ни по тоа што Диди заврши зад решетки. Во најновото поглавје од долгогодишната расправија се вклучи и синот на Диди, кој му упати закани на раперот преку социјалните мрежи, на што овој не остана должен.

Музичкиот магнат порано годинава беше осуден на четири години и два месеци затвор по судењето во Њујорк, каде што се соочи со низа тешки обвиненија. Поранешни девојки, вклучувајќи ја пејачката Каси Вентура, сведочеа против 56-годишниот Комбс, кој беше обвинет за тешки кривични дела како трговија со луѓе за сексуална експлоатација и рекетирање — обвиненија што можеа да му донесат и доживотен затвор.


Сепак, Диди беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за организирање превоз со цел проституција и му беше изречена казна од 50 месеци затвор, на што неговиот колега и долгогодишен ривал 50 Цент, со вистинско име Кертис Џексон III, веднаш реагираше.

Документарецот долеa масло на огнот

50 Цент неодамна на Нетфликс објави документарец со наслов „Sean Combs: The Reckoning“, во кој ги искористи снимките што Диди со години ги собирал за сопствен проект.

Во филмот се изнесуваат сериозни обвинувања, вклучително и сугестија дека Диди бил вмешан во убиството на Тупак Шакур во 1996 година, што Комбс отсекогаш енергично го негирал.

Закани на социјалните мрежи

Во целата приказна сега се вклучи и синот на Диди, Кристијан „Кинг“ Комбс, кој на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) му упати директна закана на 50 Цент. „Се колнам во татко ми, ако некогаш го видам 50 Цент, ќе го претепам до бесвест“, напиша тој.


Иако објавата подоцна беше избришана, 50 Цент брзо реагираше и одговори во својот препознатлив стил.

„Мало братче, најпрво, затвори ја таа проклета уста кога се сликаш. Се збогатив трипати, продавав плочи, продавав настапи, продавав алкохол, продавав моќ. Ти сè уште живееш од WI-FI и наследство. Смири се“, му порача раперот.

Долгогодишен конфликт

Кавгата меѓу двајцата рапери трае веќе повеќе од две децении, а наводно започнала уште во 1999 година за време на соработката на постхумниот албум на Ноториус Б.И.Г., „Born Again“.


Интересно е што Диди во 2018 година, во емисијата „The Breakfast Club“, тврдел дека меѓу нив нема лоша крв. „Не сум во кавга со него. Тој ме сака. Зар не гледате дека ме сака? Навистина мислите дека тоа е омраза? Знаете дека ме сака“, рекол тогаш и додал: „Кога тој го прави тоа, мене ми е смешно. Не го сфаќам лично. Знам дека има поинаков смисол за хумор. Едноставно не е дел од мојот живот… и никогаш нема да кажам ништо негативно за него, затоа што едноставно не сум таков.“