[ВИДЕО] Селин Дион воодушеви со божиќната честитка: „Тивка ноќ? Не додека сум јас тука…“

Точка

25/12/2025

14:13

335

Големина на фонт

а а а

Легендарната пејачка Селин Дион на Бадник им се обрати на своите следбеници и ги насмеа со урнебесно видео.

Имено музичката ѕвезда се маскирала во Гринч и на свој начин ја рекреирала сцената од хит-филмот „How the Grinch Stole Christmas“. Во еден момент ги запеала и стиховите од својата песна „All By Myself“.

На почетокот од интересното видео, Дион седела покрај каминот, со кучето во скут, пеејќи ја својата песна. Потоа започнала со монолог.


„Каква дрскост – ме повикаа во последен момент! Дури и да сакав да дојдам, распоредот не би ми го дозволил тоа. Четири часа – вежбам глас. Во 4:30 ги будам децата. Во пет часот ја решавам светската глад, никому не му кажувам. Во 5:30 – џезерсајз. Во 6:30 – вечера со мене – тоа не можам повторно да го откажам! Во седум – се борам со моите креативни идеи. Зафатена сум!“, рекла таа, а потоа додала:

„Се разбира, ако ги поместам моите креативни идеи за девет, сè уште ќе имам време да лежам во кревет и бескрајно да скролам ТикТок видеа. Или можам едноставно на сите да им посакам среќен Божиќ и среќна Нова година“.


Видеото го завршила со стихови од својата хит-песна, а во описот напишала: „Тивка ноќ? Не додека сум јас тука…“

На славната пејачка во 2022 година ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, по што таа ретко се појавува во јавноста. Сепак, во последните неколку месеци таа посетила концерти на други музички ѕвезди. Во октомври била на концертот на Пол Макартни во Лас Вегас, а во јуни присуствувала на концертот на Колдплеј, во рамки на нивната турнеја „Music of the Spheres“.