Родик: Одговорот на едно прашање ќе ја одреди тениската иднина на Ѓоковиќ

Дерби

25/12/2025

14:45

225

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ последниот грен слем трофеј го освои во Њујорк пред две години, а после две сезони во кои доминираа Карлос Алкарас и Јаник Синер, Србинот е подготвен за нови предизвици во новата 2026-та година.

Иако потфрли речиси на сите дуели со споменатите двајца во годинава која полека изминува, Ѓоковиќ пронаоѓа мотивација да остане во тенисот и да се натпреварува на 39 години, возраст која Србинот ќе ја достигне во месец мај во годината која претстои.

Многу одговори за формата на Ноле во овој момент ќе дознаеме на Аустралијан Опен на стартот на годината, но Енди Родик смета дека прашањето треба да биде поинаку формулирано, односно да биде фокусирано на интензитетот на неговите тренинзи.

– Моето прашање до Ѓоковиќ е следно: Дали ќе може да тренира во 2026-та година со ист интензитет какошто тоа го правеше во минатото, како во времето кога беше на врвот? Во 2025-та година самиот призна дека не може да го прави тоа, дека не може да парира на двајцата во завршницата од турнирите.

– Се сомневам дека некој во 39-та година од животот може да тренира максимално како на 20 години. Ако не може да го прави тоа, не знам како неговото тело ќе може да ги издржи напорите на грен слем турнирите. Станува збор за две исцрпувачки недели во кои се игра на три добиени сета. Оваа година одговорот кој го добивме од него беше негативен и самиот го призна тоа. Набрзо ќе дознаеме каков ќе биде одговорот во 2026-та година, – изјави Родик.