Играше за Манчестер Сити, а денес продава риболовна опрема и изгледа непрепознатливо

Точка

25/12/2025

14:51

1.188

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Нери Кастиљо (41), неодамна бил забележан како продава риболовна опрема на туристи на една плажа во Атина, што предизвика интерес кај британските медиуми.

По турбулентната кариера, Кастиљо денес е речиси непрепознатлив, а на Инстаграм објави и заедничка фотографија со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ.


Во текот на кариерата, Кастиљо стекна статус на омилен играч во Олимпијакос, освојувајќи три последователни шампионски титули, пред да премине во украинскиот Шахтар Доњецк.

Во декември 2007 година пристигна во Манчестер Сити како позајмен играч, но неговиот престој во Премиер Лигата беше скратен поради тешка повреда на рамото на првиот домашен натпревар.


По Англија, играше за Шахтар, Днипро, Чикаго Фајр, а кариерата ја заврши во Рајо Ваљекано.

Настапите за репрезентацијата на Мексико беа одбележани со бројни контроверзии, особено по конфликтите со тамошните медиуми во 2009 година.

Денес Кастиљо ужива во мирниот живот на грчките плажи, додека Ѓоковиќ престојува во Атина, каде што се подготвува за Австралија Опен.