Премиерлигашката титула се наметнува како приоритет за Арсенал сезонава, но фановите очекуваат екипата да се обиде да атакува и на другите трофеи, посебно тој во Лигата на шампионите кој би бил историски за лондонскиот клуб.
Вилијам Салиба смета дека не само што тоа не е нереална опција, туку тој и соиграчите можат да освојат четири трофеи, на четирите фронта на кои Арсенал и натаму се натпреварува.
– Свесни сме дека сме конкурентни во секое натпреварување во кое играме и можеме да се бориме за трофејот.
– Бевме блиску во Премиер лигат последните три сезони, а минатата сезона игравме полуфинале и во Лигата на шампионите и Лига купот. Тоа е јасна потврда дека сме конкурентни за секој трофеј, а останува тоа да го потврдиме и на теренот.
– Во моментов расположението во тимот е одлично, но да не заборавиме дека се уште сме во декември, а во фудбалот работите се менуваат брзо. Мора да останеме фокусирани и да ја задржиме самодовербата, затоа што најважно е она што се случува на крајот, кога се доделуваат трофеите, – рекол Салиба.







