ФК Вардар ќе одржи комеморација за легендарниот Васил Рингов

Дерби

26/12/2025

10:59

174

Големина на фонт

а а а

Реакциите во македонската јавност за смртта на легендарниот Васил Рингов јасно ја отсликуваат загубата за македонскиот фудбал, но и државата воопшто, а почитувачите на неговото дело со денови се простуваат со емотивни пораки упатени кон незаборавниот струмичанец.

Рингов за време на кариерата настапуваше за повеќе клубови, но остави посебно длабок печат во ФК Вардар, во црвено-црниот дрес во кој ја импресионираше тогашната југословенска публика и важеше за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во своевремено едно од најквалитетните европски фудбалски шампионати.

Токму ФК Вардар најави комеморација посветена на Рингов, а истата ќе биде одржана во недела од 12 часот, во дијамантската сала на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

– Фудбалскиот клуб Вардар во недела во 12.00 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов.

ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата, – стои во соопштението на скопскиот клуб.