Изминатиот месец на фреквенцијата на Урбан ФМ радио (90,8 MHz) помина во знакот на интеракција, подароци и директна комуникација со слушателите.
Под слоганот „Манифестирај гласно. Слушни го звукот на новогодишните желби“, радиото реализираше интензивна кампања која цел месец ја збогати програмата и предизвика исклучително голем интерес и активност кај публиката.
Секојдневно, слушателите се вклучуваа преку пораки, јавувања и дигитални канали, создавајќи жива и динамична атмосфера во етерот. Во кампањата беа вклучени повеќе од 30 брендови, а во текот на месецот беа доделени повеќе од 100 подароци, распределени во сите емисии. Високото ниво на интеракција уште еднаш ја потврди позицијата на Урбан ФМ како радио што гради заедница и нуди реална додадена вредност и за слушателите и за партнерските брендови.

Кампањата „Манифестирај гласно. Слушни го звукот на новогодишните желби“ дополнително ја зацврсти врската меѓу радиото и неговата лојална публика и уште еднаш ја потврди улогата на Урбан ФМ како радио што не претставува само музички медиум, туку активна урбана платформа што постојано комуницира со својата заедница и знае да возврати со вистинска вредност. На симболичен начин, радиото исполнуваше желби и наградуваше верни слушатели кои секојдневно ја поддржуваат македонската музика и домашната урбана сцена.

Паралелно со празничната кампања, радиото продолжува со освежена и динамична програмска шема. Утринската емисија „Скопје се буди“, која секој работен ден од 8 до 11 часот ја води Марко Новески, донесе нов ритам и позитивна енергија во утринскиот етер, пладневната емисија „Урбан Бла Бла“ со целосно женска водителска постава внесе свежина, различни перспективи и младешка динамика, додека емисијата „Урбан Драјв“ на Марко Марк што се емитува секој работен ден од 15:00 до 17:00 часот, го заокружува дневниот програмски блок со урбана музика, опуштен ритам и идеална атмосфера за попладневното градско движење.

Како дел од својот современ медиумски пристап, Урбан ФМ паралелно ги развива и дигиталните канали, овозможувајќи содржините да бидат достапни и надвор од класичниот радио-етер – преку социјалните мрежи, видео-формати и онлајн платформи. На овој начин, радиото останува блиску до младата публика и ја следи динамиката на модерните медиумски навики.

Со силна интеракција, современ пристап и автентична комуникација со публиката, Урбан ФМ радио во предновогодишниот период се позиционира како релевантен, урбан и препознатлив медиум на македонската радио-сцена.



















