Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Макфакс

26/12/2025

12:54

134

Големина на фонт

а а а

Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.

На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда.

Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања, Беким Сали, ја нагласи својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат.