Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес, истакна премиерот Христијан Мицкоски на промовирањето на новите возила за униформираната полиција.
„Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она коешто за мене е многу важно, е што, се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи“.
Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција.
Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги...
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, December 26, 2025
Најави дека владата ќе продолжи да ги поддржува таквите проекти.
Им честиташе на вработените и посака истите што помалку да се користат, бидејќи тоа, како што рече ќе значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци.







