[ВИДЕО] За Кинезите не постои „не може“: Во работа пуштена импресивна хидроелектрана чија изградба започна пред 10 години

Точка

29/12/2025

07:56

1.850

Големина на фонт

а а а

Хидроелектраната Јебатан е хидроелектрана изградена на најголема надморска височина во Кина, а вчера во неа започна производството на електрична енергија. Поточно, производството започна во нејзините први две единици, додека остатокот од постројката сè уште е во фаза на изградба.

Оваа хидроелектрана се наоѓа на реката Џинша и претставува значаен напредок во развојот на интегрираната енергетска база долж оваа река, која опфаќа постројки за производство на електрична енергија од вода, сонце и ветер.

Сместена е на надморска височина од 2894 метри во југозападната кинеска провинција Сичуан. Нејзината вкупна моќ изнесува 2,24 гигавати, со што таа е најголемата хидроелектрана на горниот тек на реката Џинша.

Во нејзиното проектирање и изградба имало бројни предизвици, што е последица на големата надморска височина, екстремниот студ, високиот притисок на тлото и големата длабочина во која е изградена. Изградбата започна пред 10 години.


Најголемиот предизвик било бетонирањето во зимски услови, но инженерите успеале да го надминат и тој предизвик и тоа преку континуирано, целогодишно нанесување бетон — нешто што за првпат е применето во оваа индустрија.

„Кога ќе биде целосно оперативна, хидроелектраната ќе произведува 800 киловат-часови електрична енергија“, изјави Сиа Јонг, главен инженер на овој проект, на кој работеше кинеската државна компанија „China Huadian Corporation“.

Изградбата ќе чини 24,6 милијарди јуани (околу 3 милијарди евра).