Триглав Осигурување ја менува локацијата на своето седиште во Скопје

Точка

29/12/2025

12:14

462

Големина на фонт

а а а

Нов простор, нова енергија, исти вредности - за уште подобра услуга.

Триглав Осигурување АД, Скопје со задоволство објавува дека од денес, 29 декември, 2025 година продолжува со работа во нови, современи простории, на бул. 3-та Македонска Бригада бр. 36, комплекс Порта Супериум.

Овој чекор произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за стабилно и одржливо работење, унапредување на деловните процеси и обезбедување на современи, достапни и ефикасни услуги, прилагодени на потребите на клиентите и пазарните услови.

“Новиот деловен објект овозможува современи услови за работа, функционална организација на просторот и соодветна достапност за клиентите и деловните партнери, сè со цел да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Притоа, ги задржуваме високите стандарди на професионалност, сигурност и доверба, по кои што сме препознатливи”, изјави Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.

Тековното работење на компанијата продолжува континуирано, при што сите услуги, контакти и канали за комуникација остануваат непроменети.

Со изборот на новото седиште, Триглав Осигурување демонстрира јасна визија за иднината – визија, која што се темели на стабилност, функционалност и ориентираност кон клиентите.

Новата локација на Триглав е на следниот линк: https://maps.app.goo.gl/qyCs3tDGWeo1WKuM6