Бенфика одново испушти важни бодови во битката за титулата во домашното првенство, но по ремито против Брага, Жозе Мурињо се прокажа во иронично издание и тврдеше дека неговиот тим запишал победа.
Конечниот резултат на дербито меѓу Брага и Бенфика гласеше 2:2, но поради тоа што на гостите од Лисабон им беше поништен гол на сомнителен начин за 2:3, анализата на Жозе за овој натпревар одеше само во еден правец.
– Мислам дека остваривме голема победа на тешко гостување. Во првото полувреме Брага беше подобра од нас, но во вториот дел постоеше само еден тим.
– Ние постигнавме гол после период во кој бевме супериорни, но севкупно гледано во првиот дел, Брага беше подобра и заслужено водеше. Во второто полувреме Брага не постоеше на теренот, постоеше само Бенфика.
– Играчите преземаа одговорност, направија пресврт и се изборија за победа од 3:2, ова е фантастичен исход за нас. Од клупата го видов нашиот трет гол, а потоа на мониторот видов дека голот е чист. Затоа сметам дека ова е голема победа за нас, – изјави Мурињо, кој откако беше потсетен од новинарите дека голот бил поништен и натпреварот завршил 2:2, на заминување повтори во неколку наврати.
– Победивме, победивме, победивме, – нагласи Жозе на заминување.
Поништениот гол погледнете го ТУКА.





