Марота ја отвори вратата за незадоволната ѕвезда на Интер: Никого не држиме со сила

Дерби

29/12/2025

15:11

477

Големина на фонт

а а а

Интер одново ја победи Аталанта и ја продолжи позитивната серија на резултати против тимот од Бергамо, а триумфот од 0:1 значи дека „нераѕурите“ ја завршуваат 2025-та година како првопласиран тим на табелата.

Голот на капитенот Лаутаро Мартинез направи главна разлика на теренот и донесе важна победа за Интер, па во период кога се чека Нова година и отворање на зимскиот преоден рок, Бепе Марота како извршен директор и претседател на клубот мораше да одговара и на прашања поврзани за трансфер пазарот.

Давиде Фратези не успеа да се наметне кај Кристијан Киву и има уште помала минутажа од времето кога тренер беше Симоне Инѕаги, а поради незадоволството и фрустрацијата кои владеат кај самиот репрезентативец, Марота е подготвен да седна на маса и да му ја отвори вратата за заминување.

– Мора да нагласам дека дисциплината на Фратези во текот на сите овие години беше извонредна. Сепак, од друга страна, свесен сум дека играч кој не игра редовно го има секое право да бара алтернативи. Не сакаме никого да држиме во тимот со сила.

– Фратези се уште не дошол кај мене да ми кажа дека сака да си оди, но се уште е многу рано. Ќе имаме шанса да седнеме на стартот на Новата година и да ја дискутираме неговата ситуација, – изјави Марота.