Роналдо откри кога ќе се пензионира

Макфакс

29/12/2025

14:24

302

Големина на фонт

а а а

Најдобриот стрелец на португалската репрезентација, 40-годишниот Кристијано Роналдо, изјави дека ќе престане да игра кога ќе ја постигне својата цел, односно ќе собере илјада гола во кариерата.

Роналдо постигна два гола за својот Ал-Наср во победата од 3-0 против Ал Акдуд во фудбалското првенство на Саудиска Арабија во саботата. Тој дојде до бројката од 956 гола во кариерата досега, а му недостасуваат 44 гола за да ја постигне својата цел.

„Не е лесно, но сум многу мотивиран и полн со страст. Не е важно каде играм, во Европа или на Блискиот Исток. Секогаш уживам во фудбалот и сакам да играм повеќе. Знаете кои се моите цели: да освојувам трофеи и да стигнам до илјада гола. Ако ме одминат повредите, дефинитивно ќе ја достигнам бројката од илјада гола“, рече Роналдо, кој го носи дресот на Ал-Наср од јануари 2023 година, а ова лето го продолжи договорот до јуни 2027 година.

Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид со 450 гола. Со 143 гола, тој е рекордер и во португалската репрезентација. Исто така, тој е единствениот фудбалер кој ја поминал границата од 100 гола во дресот на четири клуба (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср).