Прегазил жена во Виничко, па тврдел дека претходно бил претепан: Уапсен 34-годишен маж

Макфакс

29/12/2025

14:47

216

Големина на фонт

а а а

Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница.

Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.