Крис Џенер (70) објави фотографија со своето момче (45), луѓето пишуваат: „Изгледа постар од неа“

Точка

29/12/2025

18:02

734

Големина на фонт

а а а

Крис Џенер е повторно во центарот на вниманието овој Божиќ, a овој пат поради нејзиниот зачудувачки младешки изглед на фотографија со долгогодишниот партнер Кори Гембл.

70-годишната Џенер позираше покрај својот 25 години помладиот партнер, Кори, а обожавателите на социјалните мрежи не можеа, а да не забележат дека нејзините естетски кореции вредни100.000 долари го направило него да изгледа постаро од неа.

Откако беше објавена фотографија од раскошната божиќна забава на семејството Кардашијан-Џенер, интернетот беше преплавен со коментари.


„Кори е постар од неа сега!“ напиша еден корисник. Други ја вклучија и нејзината 41-годишна ќерка Клое во дискусијата, додавајќи: „Клое изгледа исто“. Некои се пошегуваа и за сериозниот израз на лицето на Кори: „Твоето момче треба да се насмевнува од време на време“.

Оваа празнична фотографија доаѓа само неколку дена откако Крис ги засени двете нејзини ќерки Клое и Кајли Џенер на заедничките фотографии, каде што изгледаше, како што вели интернетот, како да може да им биде сестра.


Неодамна, во една епизода од „Кардашијанс“, таа откри она што таа го нарекува „единствено“ вистинско нешто на нејзиното лице по скапа процедура. Додека разговараше со ќерката Ким во Париз, Џенер призна дека нејзиниот нос е „веројатно единственото нешто на нејзиното лице што е вистинско“. Ким ја потсети дека и нејзините заби се природни, тврдејќи дека „никогаш немала навлаки“.


Во мај, нејзиниот претставник потврди за „Пејџ сик“ дека го посетила познатиот пластичен хирург д-р Стивен М. Левин, познат како „маестро за лифтинг на лице“.

Размислувајќи за процедурата во интервју за „Вог Арабија“, Џенер ја објасни својата одлука: „Имав лифтинг на лице пред околу 15 години, па беше време за освежување. Решив да го направам овој лифтинг на лице затоа што сакам да бидам најдобрата верзија од себе, а тоа ме прави среќна“.

Својот став за стареењето дополнително го појаснила: „Само затоа што стареете, не значи дека треба да се откажете од себе. Ако се чувствувате удобно во сопствената кожа и сакате достоинствено да стареете – што значи дека не сакате ништо да правите – тогаш немојте да правите ништо. Но за мене, ова е достоинствено стареење. Ова е мојата верзија.“


Тајна лозинка за хирургот

Во октомври Џенер повторно зборувала за д-р Левин, откривајќи дека создале „лозинка“ за потенцијалните пациенти. „Не сакаше внимание, што ми се допадна“, рекла таа во подкастот „Not Skinny But Not Fat“. „Го прашав: ‘Но дали имам дозвола да кажам кој си?’ А тој рече: ‘Слушај, ќе ти кажам вака. Сè додека смислиме лозинка така што ако некој се јави и каже: Јас сум најдобрата пријателка на Крис Џенер, можам ли да добијам консултација? — мора да ја каже тајната лозинка.’“

Риалити ѕвездата објаснила дека хирургот добил безброј повици по нејзината операција и дека отвореноста за интервенциите е важна за да „ги инспирира другите да не се плашат од операциите кои им се потребни и кои се неопходни, или дури од нешто што сакаат да го направат затоа што сакаат да се чувствуваат подобро во својата кожа.“


Долга историја на интервенции

Ова не е прв пат Крис Џенер да се подложи на естетски зафати. Првата лифтинг операција на лицето ја имала во 2011 година кај д-р Гарт Фишер, кој е заслужен и за зголемувањето на градите на нејзината ќерка Кајли во 2019 година. Освен тоа, со години имала ботокс-третмани, зголемување на градите уште во 1980-тите, намалување на ушните ресички во 2018 година, како и операција за замена на колк пред три години.