[ВИДЕО] Момент во кој никој не можел да ги задржи солзите: Лекари во Италија му соопштиле на момче дека ќе добие ново срце

Точка

31/12/2025

09:08

1.466

Големина на фонт

а а а

Детската болница „Bambinо Gesu“ во Рим објави емотивна снимка од момче кое дознало дека, по година и половина чекање, ќе има можност за трансплантација на срце.

На видеото што го објави болницата може да се види како во неговата соба влегуваат лекар, како и бројни членови на болничкиот персонал, и му соопштуваат дека новото срце пристигнало.

„Срцето пристигна“, кратко соопштиле лекарите.


Момчето Пјетро реагирало исклучително емотивно и ги прегрнало присутните, а на веста биле воодушевени и неговите родители, кои биле со него во собата.

Пјетро бил едно од двете деца (другото има 6 години) кои долго време биле на листа на чекање за трансплантација. Дарежливоста на семејствата на уште две деца, нивни врсници, го претворил сонот во реалност. Операциите, извршени на 18 и 20 декември, поминале успешно, а децата, по неколку дена поминати во медицински индуцирана кома, биле целосно „разбудени“ на Бадник.

По толку многу страдање, празникот можеле да го поминат на одделението за интензивна нега, заедно со своите семејства. Трансплантациите ги извршиле два различни тима за кардиохирургија, предводени од докторите Лоренцо Галети и Адриано Кароти.