Прво огласување на Ентони Џошуа по стравотната несреќа: Боксерот во силни болки, загинаа двајца негови пријатели

Точка

31/12/2025

13:09

957

Големина на фонт

а а а

Познатиот боксер доживеа тешка сообраќајна несреќа во Нигерија, во која животот го загубија двајца негови пријатели.

Ентони Џошуа првпат се огласи по тешката сообраќајна несреќа во Нигерија, во која загинаа двајца негови блиски пријатели и членови на неговиот тим. Британскиот боксер потврди дека чувствува болки по целото тело и дека ќе остане во болница во Лагос до Нова година.

Како што пренесува „Mirror“, Џошуа им рекол на луѓето од своето опкружување дека го „боли сè“, но лекарските прегледи покажале дека нема скршеници и дека поминал со полесни телесни повреди.

„Ме боли целото тело“ – прво обраќање по несреќата

Несреќата се случила во понеделник наутро, кога џип „Lexus“ во кој се наоѓал Џошуа удрил во камион паркиран покрај пат на прометна сообраќајница. Полицијата ја разгледува можноста дека до судирот дошло поради пукање гума, со сомнеж дека е возено со преголема брзина.

Иако избегнал потешки повреди, лекарите одлучиле боксерот да остане хоспитализиран од претпазливост, поради силните болки и шокот по трагедијата.


Загинаа клучни луѓе од неговиот тим

Во несреќата загинаа Кевин Ајодели и Сина Гами. Ајодели бил личен тренер на Џошуа, додека Гами со години работел како тренер за сила и кондиција и важел за еден од најважните луѓе во неговиот стручен штаб.


Џошуа останува во болница, сè друго е во втор план

Од неговото опкружување наведуваат дека боксерот е психички длабоко потресен и дека сите спортски планови во моментов се ставени во втор план. Фокусот е на закрепнувањето, а понатамошните чекори ќе зависат од неговата здравствена состојба во наредните денови.

Претседателот на Нигерија, Бола Ахмед Тинубу, потврди дека телефонски разговарал со Џошуа и со неговата мајка, изразил сочувство за трагедијата и му посакал брзо закрепнување.