[ФОТО] Брижит Бардо погребана во Сен Тропе: Почит ѝ оддаде и синот што го мразеше и го споредуваше со тумор

Точка

07/01/2026

14:50

2.431

Големина на фонт

а а а

Француската актерка Брижит Бардо беше погребана во Сен Тропе каде што живееше повеќе од половина век, откако на врвот на славата се повлече од светот на кинематографијата.

Погребната церемонија започнала со песната „Ave Maria“, во изведба на Марија Калас, во црквата „Notre-Dame-de-l'Assomption“, во присуство на нејзиниот сопруг Бернар д’Ормал, синот Никола-Жак Шарие, внуците и другите членови на семејството.


Актерката немаше добри односи со својот син. Никогаш не сакала да биде мајка, а бременоста ја споредувала со тумор. Воспитувањето на синот му го препуштила на својот поранешен сопруг Жак Шарие, со кого беше во брак од 1959 до 1963 година.

Сепак, Никола-Жак Шарие присуствуваше на нејзиниот погреб и положи цвеќе со натпис „До мама“, што беше особено емотивен момент за сите присутни.


Стотици нејзини обожаватели се собраа во малиот град за да го следат испраќањето преку LED-екрани поставени во пристаништето и на плоштадите.


На погребот присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои и основачката на француската десничарска партија Национално обединување, Марин Ле Пен.


Брижит Бардо почина на 28 декември 2025 година, на 91-годишна возраст. Нејзиниот сопруг Бернар д’Ормал во интервју за „Paris Match“ изјави дека починала од рак. Тој порача дека борбата за заштита на животните ѝ била на ум до последниот здив.