Поранешниот американски фудбалер Мет Калил ја тужи својата поранешна сопруга, манекенката и инфлуенсерка Хејли Калил, откако таа изјави дека се развеле поради големината на неговиот полов орган.
Некогашниот спортист тврди дека коментарите на Хејли, кои ги дала во ноември во пренос во живо, биле „инвазивни“ и му ја уништиле шансата да остане надвор од јавниот живот по пензионирањето, пренесува „TMZ“. Манекенката во ноември гостувала во живо во „Mar-Athon“, кој го води Марлон Гарсија, каде го опишала половиот орган на својот поранешен сопруг „како две лименки Кока-Кола, можеби дури и три, наредени една врз друга“. Додала дека тоа влијаело на нивниот брак, кој заврши во 2022 година.

Хејли исто така објаснила дека се обидувале да го решат проблемот преку терапевти и лекари. „Дури побарав и естетски процедури… Мојот живот е комедија, сам се пишува“, рекла таа, а потоа потврдила дека тоа бил „најголемиот фактор“ за нивниот развод.
Откако преносот во живо стана вирален, Хејли се обидела да ја ублажи ситуацијата. „Длабоко ја почитувам неговата приватност и она што го делевме. Во преносот зборував за многу важни аспекти од нашиот брак, но жал ми е што вниманието се насочи само кон тој дел“, порача таа.

Сега Калил тврди дека нејзините коментари му донеле „непосакувано внимание и инвазивни коментари од јавноста“, додавајќи дека неговото семејство „било принудено да трпи постојано ширење на овие понижувачки и длабоко лични изјави во јавност“. Во документите наведува дека поради коментарите на Хејли, неговата сегашна сопруга Кејлани Асмус била изложена на „вознемирувачки и алармантни пораки“.

Поранешниот американски фудбалер ја тужи манекенката поради нарушување на приватноста, тврдејќи дека неговата поранешна сопруга открила „многу интимни и приватни факти“ за него и бара судење пред порота и отштета во износ поголем од 75.000 долари. Во тужбата тврди дека Хејли „примила значителна финансиска корист, зголемена видливост и монетизација преку различни социјални медиуми и медиумско покривање“.
Мет и Хејли се венчаа во 2015 година, а се разведоа седум години подоцна. Тој во 2024 година се ожени со Кејлани, со која има едногодишен син.