Официјално: Сити ја активираше првата јануарска трансфер „бомба“

Дерби

09/01/2026

11:47

224

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ја отвори 2026-та година со три реми средби во низа, но вчера доби добра вест од дербито меѓу Арсенал и Ливерпул кое заврши без победник, па така негативата од шест бода изгледа прилично прифатлива од оваа гледна точка.

Пеп Гвардиола загуби голем број играчи поради повреди од стартот на сезоната, па иако сериозно го засили тимот во летниот преоден рок, Шпанецот посака уште една желба која брзо му беше остварена.

Антоан Семењо беше еден од играчите на сезоната во првиот дел од Премиер лигата, а ова утро и официјално стана познато дека тој е нов член на првиот тим на Гвардиола.

Иако вчера се појави шпекулација дека Ливерпул во последен момент може да ја расипе операцијата на „граѓаните“, реалноста говореше дека Сити веќе ја има завршено работата, нешто за што доказ е и денешниот потпис на договорот до 2031-ва година.

26-годишниот играч од Гана го чини клубот од Манчестер фиксни 65 милиони фунти, а во новата средина ќе го носи дресот со број 42.

Семењо во Борнмут го носеше дресот со број 24, па се реши да ги сочува истите бројки, но со поинаков редослед.