Оваа компанија во моментов е втора највредна на светот: Постигнаа неверојатен успех со навлегувањето во вештачката интелигенција

Супермен

14/01/2026

18:30

268

Големина на фонт

а а а

Матичната компанија на Google, Alphabet, минатата среда го престигна Apple и според пазарната капитализација стана второ највредно претпријатие во светот

Акциите на „Alphabet“ продолжија да растат во четврток, зголемувајќи ја пазарната вредност на компанијата на 3.930 милијарди долари. Производителот на чипови „Nvidia“ е на прво место со 4.500 милијарди долари, објавува „SEEbiz“.

Пазарната вредност на „Apple“ е 3.830 милијарди долари. „Alphabet“ скокна на второто место минатата недела во среда, но разликата меѓу двете компании се прошири во четврток, бидејќи акциите на „Alphabet“ пораснаа, додека акциите на „Apple“ паднаа шести ден по ред.


Падот во последните денови избриша речиси пет проценти од пазарната капитализација на Apple, или речиси 200 милијарди долари, според податоците на „DPA“.

„Alphabet“ го престигна „Apple“ за прв пат од 2019 година со неговото повторно појавување на Волстрит. Аналитичарите велат дека ова е резултат на агресивниот навлегување на „Alphabet“ во вештачката интелигенција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk