Киву: Ништо не значи оваа полутитула, најважно е…

Дерби

15/01/2026

11:17

175

Големина на фонт

а а а

Интер иако се мачеше дојде до трите посакувани бода во соочувањето со Лече во Серија А.

Домаќините долго време го бараа патот до мрежата на противникот, а тоа им успеа дури во 78 минута кога напаѓачот Пио Еспозито се најде на вистинското место и реализираше за славје од 1-0.

Со ова „нероаѕурите“ официјално беа потврдени како шампиони, најдобар тим во првиот дел од сезоната (ова беше меч од 16. коло), нешто кое го потенцираа медиумите, „титула“ за која тренерот Кристијан Киву имаше јасен коментар.

- Ја имам освојувано оваа зимска полутитула и претходно во кариерата, ама не се важи, важно е да бидеме таму во мај. Ова значи дека сме конкурентни, но како што реков пред некој ден, ќе биде битка до крај за секој поен, - порача Романецот.