[ФОТО] Филантропка, економистка и манекенка: Која е новата девојка на Мате Римац со која беше за првпат снимен во јавноста?

Супермен

15/01/2026

14:38

943

Големина на фонт

а а а

Мате Римац, основач и извршен директор на компанијата „Rimac Group“, беше снимен во Хрватскиот народен театар во Загреб со новата девојка Барбара Котарски.

Парот присуствуваше на концертот „Glazbeni te zove“ со кој се одбележува 200-годишнината на Хрватскиот музички завод, како и влегувањето во последната година од обновата на истиот.


Гласините дека се во врска почнаа да се шират кон крајот на декември минатата година, а сега за првпат беа видени заедно во јавноста.

Барбара Котарски потекнува од Самобор и има 28 години. Живее и работи во Загреб. Дипломирала деловна економија во Риека. Волонтира во фондацијата „SonTa“ во Танзанија, која се бори за правата на децата, нуди стипендии и поттикнува ангажман на младите преку натпревари и практични проекти.


Таа има напишано и книга за деца со наслов „Together We Can Reach The Stars“. Исто така се занимава и со манекенство.

„Во секој потфат, без разлика дали е професионален или приватен, уживам максимално затоа што во секој момент го работам она што го сакам. Затоа не ловам големи цели и достигнувања врз кои го базирам задоволството, туку секој ден се обидувам да бидам благодарна за тоа каде сум и колку далеку сум стигнала“, изјави таа претходно во интервју за „Večernji“.


Мате Римац во 2024 година се разведе од Катарина Ловриќ, со која беше во брак три години. Извор тогаш за „Slobodna Dalmacija“ наведе дека причината за разводот не била неверство.

„Едноставно несогласување на карактерите и различни погледи на животот. Катарина потекнува од скромно работничко семејство и не е навикната на животниот ритам на Мате, во кој семејството одлучува за сè“, меѓу другото изјави тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk