Сообраќајот низ државата се одвива по претежно суви коловози

Макфакс

16/01/2026

07:17

172

Големина на фонт

а а а

Поради случена сообраќајна незгода, од 23:32 до 02:30 часот, патниот сообраќај на патен правец Р1101 и А3 крак Битола-Прилеп беше во прекин во двата правци. Од 02:30 часот, сообраќајот е пуштен за сите видови возила и истиот нормално се одвива, извести АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.