[ВИДЕО/ФОТО] Милиони ја следеле и ја нарекувале најубава девојка на светот, а потоа сфатиле дека не постои

Точка

16/01/2026

15:27

1.257

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Ниа Ноар, која на социјалните мрежи стекна милиони следбеници и неофицијална титула „најубавата девојка на светот“, се најде во центарот на вниманието откако беше откриено дека не станува збор за вистинска личност, туку за лик создаден со помош на вештачка интелигенција.

Нејзиниот профил привлече огромно внимание на ТикТок и Инстаграм, но зад навидум совршениот изглед се крие дигитална креација.

Ниа Ноар на ТикТок има 2,6 милиони следбеници, а во описот на профилот наведува: „Само девојка со темна страна“. На Инстаграм ја следат повеќе од 5000 корисници, а има и профил на Телеграм кој функционира како сервис за содржина достапна преку претплата.


Поделени реакции на следбениците

Коментарите на нејзините профили се поделени. Многу корисници го фалат нејзиниот изглед:

„Изгледаш како Барби! Прекрасна“, напишал еден корисник, додека друг ја нарекол „природно убава“. Трет додал: „Бог им подарил божица на твоите родители“.

Меѓутоа, додека многумина ја нарекуваат принцеза, други забележаа сомнителни активности, како профили кои оставаат идентични коментари под различни видеа.


„Ова очигледно е AI“

Голем број корисници директно укажаа дека Ниа Ноар е лажна. „Ох Боже, ова е толку очигледно“, напишал еден, додека друг се запрашал: „Зошто никој не забележува?“.

„Ова очигледно е AI, јасно е како ден“, пишуваат повеќето корисници.

Корисниците забележале и низа недоследности, од невообичаен број прсти до коментари дека „телефонот дури ни нема знак на ‘Apple’“. Некои забележале дека фотографиите имаат „чуден, речиси ретуширан сјај“, што е честа карактеристика на слики генерирани со вештачка интелигенција, додека еден корисник се пошегувал дека Ниа Ноар живее „во длабочините на програмирањето“.