[ФОТО] КС Групација со бројни подароци по повод празникот Водици

Точка

20/01/2026

15:39

275

Големина на фонт

а а а

По повод големиот христијански празник Водици, КС Групација и оваа година ја потврди својата посветеност кон традицијата, заедништвото и општествената одговорност, обезбедувајќи бројни подароци за учесниците и среќните пронаоѓачи на светиот крст.

Во рамки на празничните активности за Водици низ повеќе градови во Македонија, компаниите од КС Групација подарија телевизори за среќните пронаоѓачи на светиот крст, како и маички за учесниците во традиционалното фрлање на крстот. Дополнително, беа подарени и икони, новогодишни пакетчиња, вредносни ваучери, како и крст, со што беше збогатена празничната атмосфера и даден придонес во одбележувањето на овој значаен ден.


КС Групацијата, составена од седум истакнати компании – Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа Битола и Тетово, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт, 77 Ентертејмент и Агроброд, преку ваквите активности уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на традиционалните вредности и активна улога во заедницата.


Со искрени желби за здравје, среќа и бериќет, КС Групација ја продолжува својата мисија на општествена одговорност и поддршка на настани кои ги обединуваат граѓаните и ја негуваат духовната и културната традиција.