Радосна вест за фановите: „Арктик манкис“ наскоро објавуваат нова песна по пауза од 4 години

Точка

21/01/2026

19:24

216

Големина на фонт

а а а

Британскиот рок-бенд „Арктик манкис“ оваа недела се враќа со нова музика, што ќе биде нивен прв нов материјал по 2022 година. Новата песна, како што најавуваат странските музички медиуми, се очекува наскоро.

Како што подолго време се шпекулираше, бендот учествува во нов проект на хуманитарната организација „Деца на војната“. Претходно овој месец, од „Деца на војната“ најавија објавување на нов добротворен албум, кој ќе следи по легендарното издание „Help“ од 1995 година, на кое учествуваа „Оејсис“, „Рејдиохед“ и „Блур“, меѓу другите.


Сега е потврдено дека деталите за „претстоен проект“ ќе бидат објавени во четврток, на 22 јануари, а заедно со нив ќе биде претставена и нова песна од „Арктик манкис“. Тоа ќе биде нивна прва нова музика по албумот „The Car“, објавен во 2022 година.

По објавувањето на „The Car“, албумот доби високи оценки од критиката. Во својата рецензија, британското издание на „Ролинг стоун“ напиша дека станува збор за издание кое „го надградува звучниот израз на претходниот албум, правејќи го уште пограндиозен, побогат и поцинеастичен“, додавајќи дека резултатот се некои од најдобрите песни во кариерата на бендот.

„Арктик манкис“ последен пат настапија како хедлајнери на Гластонбери во 2023 година, по третпат во својата кариера. Истата есен ја завршија светската турнеја со концерти во Ирска, што воедно се и нивни последни настапи до денес.