[ФОТО] Некогаш најзгодната жена на планетата во „жешко“ издание

Супермен

23/01/2026

11:50

878

Големина на фонт

а а а

Актерката и поранешна омилена Плејбој зајачица Кармен Електра секој пат нè изненадува со својот изглед.

Се чини дека успеала да најде трик да го запре времето, па дури и на 53 години изгледа толку добро што жените неколку децении помлади можат да ѝ позавидат.


За спектакуларната премиера актерка избрала и таков фустан – црвениот сатен беше нејзин избор и доволен за сè друго да стане неважно. Кармен се прошетала во долг фустан кој ја следи линијата на телото, а се шири од колената. Како и обично, провокативното деколте било неизбежно, а убавата актерка го надополнила изгледот со ефектен ѓердан.


Под фустанот можеа да се забележат елегантни сандали во црвена боја, а за да избега од монохроматско издание, Кармен додала сребрена чанта во својот стајлинг.


Холивудската шминка и фризура „зачиниле“ сè, а во еден момент таа се свртела, покажувајќи го својот гол грб и големата тетоважа.


Тајната на нејзиниот изглед интригира многумина, а ако може да се верува на нејзините зборови, сè се должи на редовното вежбање, многу витамини и вода.


Со текот на годините, таа научила да ги прифати сите неубави нешта што ги читала за себе и да не дозволи тоа да влијае на неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk