Ема Стоун во 2026 година е номинирана за Оскар во категориите за најдобар филм како продуцентка и за најдобра актерка, за филмот „Бугонија“ (Bugonia). Овие номинации ѝ донесоа нов историски рекорд.
Актерката има 37 години и сега е втората најмлада личност во историјата на Оскарите која собра вкупно седум номинации, а исто така е и најмладата жена на која ѝ успеало тоа. Пред неа, само Волт Дизни ја достигнал оваа бројка со 34 години. Досегашниот рекорд меѓу жените го држеше Мерил Стрип, која со 38 години ја освои седмата номинација во 1988 година, пишува „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter).
Ема Стоун е исто така првата жена во историјата која двапати во иста година е номинирана за улога на актерка и за продукција на ист филм. Франсис Мекдорманд прва го постигна сличниот успех во 2021 година со филмот „Номадленд“ (Nomadland), додека Ема Стоун претходно го направи тоа со филмот „Кутри суштества“ (Poor Things) од 2023 година, а сега успеа да го повтори успехот.
Пред овие номинации, Стоун имаше пет номинации и две победи, двете во категоријата најдобра актерка – за филмот „Ла Ла Ленд“ во 2016 и за „Кутри суштества“. Само три жени во историјата на Оскарите ја освоиле оваа награда три или повеќе пати – Кетрин Хепберн четири пати, додека Франсис Мекдорманд и Мерил Стрип по три пати.
Во категоријата за најдобра актерка, Ема оваа година е номинирана заедно со Џеси Бакли (Хамнет), Роуз Бирн (Да имав нозе, ќе те удрев / If I Had Legs I’d Kick You), Кејт Хадсон (Песна во сино / Song Sung Blue) и Ренате Реинсве (Сентиментална вредност / Sentimental Value).












