Ве интересира како природно да го намалите апетитот и да го заштитите мозокот од воспаление? Ново истражување покажува дека маслото од чиа семе има сличен ефект како популарните лекови за слабеење.
Бразилски научници откриле дека чиа семето може да помогне во регулирање на апетитот и заштита на мозокот од штетно воспаление предизвикано од нездрава исхрана. Резултатите од истражувањето укажуваат дека овие семиња можат да бидат природна алтернатива за зачувување на здравјето, особено кај диети богати со масти и шеќери.
Истражувачите од Федералниот универзитет во Висоза ги тестирале ефектите на маслото и брашното добиени од чиа семе врз мозокот на лабораториски стаорци, хранети со исхрана богата со масти и фруктоза.

Маслото од чиа го зголемува чувството на ситост
Резултатите покажале дека стаорците хранети со масло од чиа активирале гени кои ја намалуваат гладта, што сугерира дека семињата можат да го поттикнат чувството на ситост преку централниот нервен систем.
„Овие гени произведуваат протеини „POMC“ и „CART“ кои му сигнализираат на телото дека консумирало доволно енергија, што резултира со чувство на ситост.“
За разлика од маслото, брашното од чиа не предизвикало иста активација, но двете интервенции ја подобриле реакцијата на мозокот на хормонот лептин, одговорен за регулирање на гладот. Исхрана богата со масти и шеќери ја намалува чувствителноста на лептин, што може да го зголеми ризикот од прејадување и дебелина.

Чиа помага во заштита на мозокот од воспаление
Истражувачите исто така откриле дека нездравата исхрана го зголемува лачењето на протеини кои поттикнуваат воспаление во клетките. Консумирањето производи од чиа го намалило тој ефект, штитејќи го мозокот од инфламаторно оштетување.
„Консумирањето брашно и масло од чиа, заедно со исхрана богата со масти и фруктоза, ја модулира експресијата на гените вклучени во механизмите на ситост и воспалителните реакции … што претставува потенцијална стратегија за контрола на метаболичките болести поврзани со неурамнотежена исхрана“.
Интересно е што стаорците не ослабеле и покрај подобрувањата во мозочната функција, што истражувачите го објаснуваат со висококалоричната исхрана. Тие додаваат дека промените во однесувањето и губењето тежина може да бараат подолг временски период.

Чиа како природен „Ozempic“
Начинот на кој чиа семето го зголемува чувството на ситост може да се спореди со дејството на лекови како „Ozempic“, „Wegovy“ и „Mounjaro“, кои го намалуваат апетитот и поттикнуваат губење на тежина. Во овој случај, природните состојки на чиа семето делуваат преку регулирање на хормоните и генетските сигнални патишта, без потреба од фармацевтски производи.
Семињата се богати со омега-3 масни киселини и комплетни протеини, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини потребни за правилно функционирање на организмот. ALA, омега-3 масна киселина во чиа семето, веќе е докажано дека го намалува воспалението кај метаболичкиот синдром – состојба што го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар.











