Кристина Агилера ги изненади своите фанови кога на Инстаграм објави серија провокативни фотографии направени за време на нејзиниот престој во Париз, каде присуствуваше на Неделата на висока мода.
Славната пејачка (45) позираше во хотелска соба без горен дел од облеката, дискретно ги покриваше градите со рацете, додека на себе носеше само впечатлива дијамантска огрлица, обетки и раскошно црно здолниште.

Фотографиите се дел од албумот со кој таа ги документираше париските денови, а објавата за кратко време привлече огромно внимание од нејзините речиси 11 милиони следбеници. Долгата плава коса ѝ паѓаше низ грбот, додека шминката беше минимална, но ефектна – со сјајни сенки и беспрекорен тен.

Во описот на фотографиите, Кристина кратко напиша: „Северни светла, париски ноќи“, а фановите веднаш започнаа да коментираат со поддршка, комплименти и воодушевување од нејзината самодоверба.

Пејачката сподели и моменти на луксуз – селфи од када, сцени од ревии, но и фотографии од приватен авион, вклучувајќи го и погледот на аурора бореалис. На неколку снимки се гледа и нејзиниот вереник Метју Рутлер, за кого се претпоставува дека токму тој е авторот на провокативните фотографии.

Кристина и Метју се заедно веќе повеќе од една декада, а се запознале во 2010 година на снимањето на филмот „Бурлеска“. Иако долго се верени, пејачката претходно истакнуваше дека не брзаат со венчавката.
Објавата доаѓа во момент кога повторно се зборува за Кристина и поради големата телесна трансформација во последните две години. Додека едни шпекулираат за причините за нејзиното слабеење, други порачаа дека изгледа силно, самоуверено и подобро од кога било.















