Тенисерот Новак Ѓоковиќ продолжува да испишува нови страници во светскиот спорт, а неодамна беше награден со престижно признание на манифестацијата „Globe Soccer Awards“.
Српскиот ас, покрај спортските достигнувања, често привлекува внимание и со својот начин на живот, особено кога станува збор за исхраната и подготовката за натпревари.
Токму на таа тема говорел на една конференција за медиумите каде открил што најчесто консумира во текот на паузите на терен.

„Банани, урми и вода, јас навистина не сфаќам, секој натпревар исто, се договараме, а тие и натаму не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко човеку. Ми носат некои магнети, сешто“, се насмевнал Новак.
Иако делуваат едноставно, овие намирници имаат важна улога во неговата физичка издржливост и концентрација, а притоа се лесно достапни и пристапни за сите.
Тие се исклучително богати со природни шеќери кои на телото за кратко време му обезбедуваат енергија, што е од клучно значење во текот на долгите и исцрпувачки натпревари. Покрај тоа, тие содржат растителни влакна кои придонесуваат за подоброто варење на храната, како и минерали како калиум и магнезиум, важни за работата на мускулите и превенцијата на грчевите.

Од друга страна, тие важат за една од најпопуларните намирници меѓу спортистите. Тие се одличен извор на калиум којшто помага во одржување на рамнотежата на електролитите и го намалуваат уморот на мускулите. Исто така лесно се варат и даваат доток на енергија без оптоварување за стомакот.