Откријте 10 практични совети како да ја намалите потрошувачката на гориво и да заштедите пари, а истовремено да го продолжите животниот век на вашиот автомобил.
Со паметни навики зад воланот и редовно одржување на возилото можете значително да ги намалите трошоците за гориво. На потрошувачката влијае сè – од притисокот во гумите, преку стилот на возење, до тежината на самото возило. Еве 10 практични совети кои ќе ви помогнат да возите подеднакво често, но да трошите помалку.
Гумите со пренизок притисок создаваат поголем отпор при тркалање, што ја зголемува потрошувачката. Ако го одржувате пропишаниот притисок, можете да заштедите и до 5% гориво.
Затнати филтри, валкани свеќички или старо масло можат да ја зголемат потрошувачката. Со редовно сервисирање можете да ја намалите потрошувачката и до 4%.
Моторот троши гориво дури и кога автомобилот стои. Ако чекате подолго од една минута, изгаснете го моторот – особено на семафор или во гужва.
Греењето и климата можат да ја зголемат потрошувачката до 3%. На пократки релации избегнувајте ги, а на подолги користете ги умерено.

Иако се поскапи, квалитетните гуми долгорочно се исплатливи. Лошите гуми го отежнуваат движењето и со тоа ја зголемуваат потрошувачката на гориво.
Носачот на покривот создава дополнителен отпор на воздухот и ја зголемува потрошувачката и до 5%. Истото важи и за возење со отворени прозорци при брзини поголеми од 50 км/ч.
Секој дополнителен килограм ја зголемува потрошувачката. На секои 50 кг. тежина, потрошувачката се зголемува за 1–2%. Затоа не го полнете резервоарот до врв и исфрлете ги непотребните работи од багажникот.

За дизел моторите оптималните вртежи се околу 2000, а за бензинските околу 2500. Идеалната брзина за заштеда е од 75 до 90 км/ч, со возење во повисока брзина.
Смиреното возење без чести забрзувања штеди и до 20% гориво. Пред кочење пуштете го гасот и возете предвидливо.
Темпоматот одржува константна брзина и помага при заштеда, но користете го само на рамен пат или надолнина. На угорнина, темпоматот може да ја зголеми потрошувачката.