[ВИДЕО] Доколку сте сами, овие 6 совети можат да ви го спасат животот: Кардиохирург открива што точно да направите во момент кога ќе почувствувате срцев удар

Точка

03/02/2026

16:52

670

Големина на фонт

а а а

Срцевите удари погодуваат милиони луѓе ширум светот. Инфарктот честопати се случува без предупредување и секоја секунда е важна. Но, како да преживеете срцев удар кога сте сами?

Американскиот кардиоваскуларен хирург Џереми Лондон со повеќе од 25 години клиничко искуство, споделил неколку животоспасувачки совети за да преживеете срцев удар, особено кога сте сами.

Кардиохирургот Џереми Лондон објаснува што да прави лицето ако чувствува дека доживува срцев удар, особено кога е само дома. Докторот потенцирал дека тоа е застрашувачка ситуација, но неколку брзи потези би можеле да направат голема разлика.


Првото нешто што треба да се направи е веднаш да повикате итна помош, рекол кардиологот. Тој додал дека, освен ако вашиот лекар не ве советувал поинаку и не сте алергични на аспирин, треба да исџвакате една таблета (не да ја проголтате цела). Меѓутоа, со аспиринот треба да бидете внимателни – во случај на срцев удар, тој може да ги намали симптомите, но ако погрешно ја процените вашата состојба и ако не станува збор за срцев удар, може да ги влоши другите состојби.

Ако е ноќ, кардиохирургот препорачал да ги вклучите сите светла во куќата и надвор за да им биде полесно на службите за итни случаи да ја пронајдат адресата. Потоа е важно да се отклучи, а уште подобро да се отвори влезната врата, за да може брзата помош да влезе дури и ако лицето изгуби сила или свест.

Потоа, треба да седнете или легнете, за да не паднете во случај на губење на свеста и дополнително да ја повредите главата. И конечно, јавете се на пријател или член на семејството и останете на телефон со нив додека не пристигнат службите за итни случаи – на тој начин некој ќе знае што се случува и ќе може да реагира ако состојбата се влоши.

Кардиохирургот нагласил дека е тешко да се запомни сè во таков момент, но дека дури и една или две од овие работи буквално можат да спасат живот.