Руската манекенка Ирина Шајк позираше без долна облека и со најпровокативното издание досега ги „запали“ социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај фановите.
Таа позираше пред објективот на мотоцикл, облечена само во кожна јакна. Фотографијата можете да ја погледнете овде.

„Влегувам во 2026 година како... Со партнерот во злосторството Стивен Клајн. Оваа улога е родена во нашите разговори доцна во ноќта и е инспирирана од неговиот свет“, навела Шајк во описот. Таа, исто така, објави фотографии на кои позира покрај коњ и во када. Мислењето на нејзините фанови е поделено.


„Секогаш си совршена, без разлика што облекуваш или не облекуваш“, „Никој како тебе“, „Засекогаш кралица“, „Те сакам, но мислам дека ова се твоите најлоши фотографии досега“, „Зошто го прифаќаш ова, ваквата работа не цени модел како тебе“, „Ова се многу лоши и вулгарни фотографии“, се само дел од коментарите на Инстаграм.
Ирина Шајк е ѕвезда на новото издание на американското списание „V“. Во него, меѓу другото, се најде и фотографија на која интимните делови ги покрила со рака.






