Ако помисливте дека модниот апсурд го достигнал својот врв, Баленсијага е тука да ве разубеди.
Најновото парче од нивната понуда – јакна што изгледа како да преживеала апокалипса – исчезнала од рафтовите за помалку од еден ден. Цената? „Скромни“ 950 долари – околу 805 евра.
Станува збор за црвена јакна со капа која намерно е искината, износена и издупчена, толку многу што повеќе личи на облека од контејнер отколку на луксузно парче со потпис на модна куќа.
Ракавите се износени, предниот дел изгледа како ткаенината да е истргната со рака, а целиот дизајн делува како внимателно режирана катастрофа.
Видеото во кое манекенот ја закопчува јакната и ја става капата брзо се прошири на социјалните мрежи – интернетот „експлодираше“ од иронија, со забелешки дека „половина луѓе во стари тренерки би можеле да се сметаат за луксузен бренд“.