„Светот е на раб на војна на капитал“: Познатиот инвеститор предупредува - Златото е единственото безбедно засолниште

Супермен

04/02/2026

21:49

515

Големина на фонт

а а а

Легендарниот инвеститор Реј Далио во вторникот предупредил дека светот е „на работ“ на војна на капиталот, во услови на тлеечки геополитички тензии и нестабилни пазари на капитал.

Зборувајќи со Ден Марфи од „CNBC“ на сцена на Светскиот самит на влади во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, Далио рекол дека сме блиску до влегување на територија на „војна на капиталот“ — кога парите се претвораат во оружје преку мерки како трговски ембарга, блокирање пристап до пазарите на капитал или користење на сопственоста над долгот како средство за притисок.

„На работ сме“, истакнал Далио. „Тоа значи дека не сме (во тоа), но значи дека сме прилично блиску (до војна на капиталот), и би било многу лесно да се премине преку работ во војна на капиталот, затоа што постојат заемни стравови“, додал тој.


Тој укажал на неодамнешните ескалации на тензиите поради напорите на администрацијата на Трамп да го стави Гренланд — данска територија — под контрола на Вашингтон.

Контроли на капиталот

Далио го нагласил стравот кај европските инвеститори кои поседуваат средства деноминирани во американски долари.

„Постои страв кај европските сопственици на американски средства дека може да бидат предмет на санкции, а во исто време постои и реципрочен страв во Соединетите Држави дека можеби нема да можат да добијат капитал или побарувачка од Европа“ рекол Далио.

Заемната финансиска зависност е потврдена и од податоците од истражувањето на „Сити“. Според овие податоци, европските инвеститори сочинувале дури 80 отсто од странските купувачи на американски државни обврзници во периодот од април до ноември минатата година.


„Капиталот, парите, се исклучително важни. Веќе го гледаме воведувањето на контроли низ целиот свет, а прашањето е кој ќе ги почувствува сите. Затоа велам дека сме на работ – тоа не значи дека веќе сме во војна со капиталот, но тоа е логична загриженост – предупреди Далио. „Капиталот, парите – тоа е важно“, рекол Далио во вторникот. „Гледаме контроли на капиталот… што денес се случуваат низ целиот свет, а кој ќе го доживее тоа, е прашање. Значи, на работ сме – тоа не значи дека сме (во војна на капиталот сега), но значи дека тоа е логична грижа“.

Тој додал дека во историјата, конфликтите поврзани со овој вид „војна“ честопати се развивале паралелно со големите геополитички кризи. Како пример, тој го наведе периодот пред влегувањето на САД во Втората светска војна, кога Вашингтон воведе санкции врз Јапонија, што дополнително ги затегна односите меѓу двете земји.

„Може да се замисли слична ситуација во денешниот свет меѓу Кина и САД. Вакви сценарија веќе се дискутираат меѓу политичките лидери, вклучително и зависноста на Европа од САД. Другата страна на трговскиот дефицит е всушност капиталот – постои нерамнотежа на капиталот и капиталот може да се користи како оружје“ истакнал Далио.

Златото останува врвно безбедно засолниште

Во таква нестабилна средина, инвеститорот верува дека златото останува едно од клучните засолништа за капиталот, и покрај неодамнешните флуктуации на цените на скапоцените метали. Тој нагласил дека краткорочните движења на цените не треба да бидат одлучувачки при донесување инвестициски одлуки.

Во споредба со минатата година, златото пораснало за околу 65%, а во моментов е околу 16% под својот врв.

„Луѓето често прават грешки кога прашуваат дали цената ќе се зголеми или ќе падне и дали треба да купат“ рекол тој.


Според него, долгорочното планирање на инвестициите е поважно.

„Централните банки, владите или државните инвестициски фондови треба да се запрашаат колку од портфолиото треба да чуваат во злато и да одржуваат одреден процент бидејќи тоа е многу ефикасен диверзификатор на послабите делови од портфолиото“ објаснил тој.

Тој додал дека, по правило, златото постигнува добри резултати во периоди на криза, додека во периоди на економски раст игра помала улога, но сепак останува важен стабилизирачки елемент на инвестициите.

„Златото е диверзификатор – кога доаѓаат лоши времиња, тоа покажува единствена отпорност. Најважно е да имате добро диверзифицирано портфолио“ заклучил Далио.

Рејмонд Томас Далио е американски милијардер и менаџер на хеџ фонд, кој е ко-главен инвестициски директор на „Бриџвотер Асошиејтс“ од 1985 година. Тој го основал „Бриџвотер“ во 1975 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk