Арсенал одлично „гази“ во тековнава сезона и се уште е во игра за освојување на сите четири титули што би било резултат за историја.
„Топчиите“ се први во Премиер лигата, одигра перфектно во групната фаза на Лигата на шампионите, напредуваат во ФА Купот, а обезбедија пласман и во големото финале на англискиот Лига Куп каде за ривал ќе го имаат Манчестер Сити.
Мајкл Овен како човек кој многу добро го познава англискиот фудбал смета дека Арсенал сигурно ќе го врати лигашкиот трофеј во северен Лондон.
-Не мислам дека има некој доволно добар да се натпреварува со нив оваа сезона, иако не мислам дека вкупниот број на поени ќе биде толку добар. Па мислам дека Арсенал сигурно ќе ја освои. Мислам дека никој не им врши голем притисок, па мислам дека лигата е речиси завршена, -рече Овен кој сепак не верува дека избраниците на Артета ќе ги освојат сите пехари до крајот на кампањата.
-Не, не мислам така, но мислам дека се посебни, тие се многу силен тим, тие се многу ефикасни. Мислам дека би можеле да го освојат Карабао Купот, апсолутно би можеле, а потоа другите два ќе бидат тешки. Сите други тимови ќе се фокусираат уште повеќе на ФА Купот сега, бидејќи лигата е речиси завршена. Тоа ќе им ја спаси сезоната, па ќе играат со силни тимови.
-Потоа е Лигата на шампионите, која може да биде за секого, која е навистина отворена оваа година, -порача некогашниот англиски репрезентативец за „Токспорт“.








