Порзингис има нов клуб, сега ќе игра за седумкратниот НБА шампион

Дерби

05/02/2026

11:21

274

Големина на фонт

а а а

Некогашниот четврти пик на НБА драфтот, Кристапс Порзингис има нов клуб и тоа откако Атланта Хокс одлучи да го размени само неколку месеци откако го доведе во своите редови од Бостон Селтикс.

Порзингис во иднина ќе го носи дресот на клубот кој ја одбележа претходната деценија во најсилната лига на светот Голден Стејт Вориорс. „Воините“ посакуваат да го ангажираат Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс, но откако не пронајдоа соодветна формула и начин да го обезбедат го свртија вниманието кон Летонецот кој доаѓа во Сан Франциско со тоа што во спротивен правец во Џорџија се испрати Џонатан Куминга и Бади Хилд.

Кристапс во тековнава сезона има одиграно само 17 натпревари што е премалку, ама во таборот на Голден Стејт се надевата дека сите здравствени проблеми ќе можат да бидат решени, надминати и центарот ќе даде придонес во остварување на што подобри резултати.

Во досегашната НБА кариера настапуваше уште за Њујорк Никс, Далас Маверикс, Вашингтон Визардс и Бостон каде стане и шампион во сезоната 2023/2024.