Мајката на Мбапе заработува повеќе од седум ѕвезди на Реал, иако синот одбил да ѝ даде половина од приходите

Супермен

06/02/2026

14:51

775

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе (27) се вбројува меѓу рекордерите по заработка во светскиот фудбал. Во Реал Мадрид заработува околу 31 милион евра бруто по сезона, а од тие приходи корист има и неговата мајка.

Фајза Ламари (51), позната како агентка на Килијан, годишно прима дури 4,5 милиони евра нето, што е повеќе отколку што заработуваат многу фудбалери на Реал, како Раул Асенсио, Франко Мастантуоно, Гонсало Гарсија, Андриј Лунин, Фран Гарсија, Арда Ѓулер или Брахим Дијаз.


Според португалскиот весник „A Bola“, Ламари има фиксен договор со својот син и управува со неговиот приватен, деловен и финансиски живот. Таа, исто така, имала клучна улога во правните спорови со Пари Сен-Жермен околу неисплатени плати.

Патот до статусот „милионерска мајка“ не бил нималку лесен. Во едно интервју, Ламари открила дека во еден момент побарала половина од приходите на својот син. Мбапе остро реагирал:

„Нема да ти дадам половина! Што ти е? Јас постигнувам голови, како можеш да очекуваш 50 отсто?“, рекол Мбапе.


На крајот бил постигнат компромис. Ламари прифатила 30 отсто, со предупредување дека ќе престане да работи за него доколку износот падне под тоа ниво. Мбапе на крајот се согласил со ваквиот договор.

Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на Мбапе изнесува 180 милиони евра. Со само 27 години тој веќе има освоено повеќе од 20 големи трофеи, вклучувајќи Светско првенство со Франција, Лига на нации и бројни домашни титули со Монако и ПСЖ.

Вкупно, се проценува дека Мбапе располага со богатство од околу 250 милиони долари, вклучувајќи ги и исклучително профитабилните рекламни договори.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk